ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈАРегистрирајте се и бидете безбедни со најсовремена технологија.
Една од најважните работи при изборот на вашиот нов уред е гаранцијата на производителот, бидејќи гарантниот период зборува за квалитетот на производот. Сигурни во квалитетот на Hisense апаратите - ви обезбедивме продолжена гаранција за вашиот апарат.
За да добиете продолжена гаранција за вашиот апарат, треба да го пополните формуларот за дополнителна гаранција подолу:
Hisense телевизори: Основната гаранција на Hisense телевизорите е 2 години. Одредени модели на Hisense телевизори имаат можност за продолжување за дополнителни 3 години со регистрација преку формуларот за дополнителна гаранција подолу. Можете да го регистрирате вашиот нов Hisense телевизор за продолжена гаранција 30 дена од денот на купувањето. За продолжена гаранција можат да се регистрираат наведените модели на телевизори купени до 31.12.2025 година.
Hisense бела техника: Основната гаранција на апаратот е 2 години од датумот на купување со можност за продолжување за дополнителни 3 години со извршена регистрација и истото започнува со важност со датум на купување од од 01.09.2023 година до 31.12.2025 година. Дополнителниот прериод од 3 години може да се оствари исклучиво со регистрација на апаратот преку пополнување на формуларот подолу во максимален рок од 30 денови од датумот на купување при што купувачот ќе добие сертификат за продолжена гаранција на пријавената е-пошта.
Клима уреди Hisense: Сѐ што треба да направите е да го пополните формуларот и ќе добиете сертификат за 5 годишна гаранција на компресорот на инвертер клима уредот. Можноста за продолжување на гаранцијата на компресорот за вкупен период од 5 години се однесува на компресорот во сите Hisense инвертер клима уреди. Можноста за петгодишна гаранција се остварува со регистрирање на апаратот во рок од 30 дена од датумот на купување и важи само за клима уредите купени во промотивниот период. Промотивниот период е од 15.10.2025 година заклучно со 31.12.2025 година.